Балкан
22. February 2017 - 23:13

Врие полиција, вечерва ограбена банка

Филијала на Рајфајзен банка во населбата Баново брдо во Белград вечерва е ограбена.

Според првичните информации, двајца вооружени и маскирани разбојници влегле во објектот нешто пред 19 часот кога е крајот на работното време, заканувајќи им се на работниците да им ги предадат сите пари. Не е познато колкав плен е одземен, се уште не е соопштено, но станува збор за поголема сума.

Работниците во околните дуќани не забележале ништо пред доаѓањето на полицијата.

Изненадени се, велат од целиот настан зошто не паметат дека се случил сличен случај во таа банка.