Македонија
29. October 2015 - 8:49

Врховниот суд одбележува 70 години од основањето

Со свечена академија и конференција, Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одбележи 70 години од основањето.

На свечената академија ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претседатели и судии на врховните судови на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора. 

Како дел од активностите за одбележување на јубилејот ќе се одржи регионална конференција на претседатели на врховни судови на земјите од регионот на тема „Судската пракса на Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права како неопходен предуслов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“.

Врховниот суд ја организира конференцијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје