Македонија
25. March 2018 - 19:08

Врховниот суд најверојатно утре ќе ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

 Врховниот суд на Република Македонија најверојатно утре ќе донесе одлука за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година.

- Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да очекувате да има брза одлука. Предметот е во Судот помалку време отколку што беше во Обвинителството. Одлука најверојатно ќе има утре, вели претседателот на Врховен Јово Вангеловски во изјава за Телевизија 24.

Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот.

Осомничени за настаните од 27 април се 35 лица, меѓу кои пратеници, организатори на протестот и вработени во МВР. Тие според обвинението се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.