Свет
24. September 2019 - 12:27

Врховен суд на Британија: Џонсон незаконски го суспендирал Парламентот

Суспендирањето на Парламентот на барање на Борис Џонсон е незаконско. Тоа го пресуди денеска Врховниот суд на Велика Британија.

Претходно и шкотски суд ја прогласи одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот како нелегална, но не нареди укинување на суспензијата. Комисија со три судии ја поддржа тужбата од група политичари од различни партии кои се спротивставија на тој потег на премиерот.