Македонија
28. August 2017 - 12:57

Времето утре облачно со локален дожд, грмежи и ветер

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд, наместа пороен, проследен со засилен ветер и грмежи.

Како што соопшти УХМР, утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 21 до 29 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

В среда се уште ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне, а во текот на денот постепено ќе престанува. Дневната температура на воздухот ќе биде во опаѓање за околу седум до 10 степени.

Од четврток повторно следува стаблно време со постепен пораст на дневната температура на воздухот