Македонија
10. December 2016 - 8:14

Времето денеска ќе биде ведро и сончево

Времето денеска ќе биде стабилно, ведро и сончево, а целата земја ќе биде под влијание на сува и потопла воздушна маса што ќе предизвика повисоки дневни температури.
 
Во Скопје денеска дневната температура ќе биде 10 Целзиусови степени, Тетово 10, Гостивар 11, Маврово 10, Велес 10, Куманово 11, Охрид 11, Битола 10, Прилеп 11, Крушево 10, Претор 12, Кавадарци 11, Гевгелија 16, Струмица 12, Радовиш 12, Крива Паланка 11, Виница 11, Берово 10, Свети Николе и Штип 11.
 
Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, в понеделник од 6 до 12 и вторник од 3 до 9 степени.
 
Под влијание на студена воздушна маса од понеделник дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Во вторник ќе има и засилен ветер од северен правец.