Македонија
20. March 2023 - 8:29

Времето денеска ќе биде сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најавува УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата наутро ќе се движи од минус 3 до 4 степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 19 степени.