Македонија
24. January 2019 - 10:49

Времето денес облачно, претпладне со дожд и снег на пониските места

Времето во Македонија ќе биде облачно, претпладне со дожд и снег на пониските места, пообилни ќе бидат во источните делови, а во попладневните часови постепено ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од нула до осум степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и снег.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до пет степени.

Нов студен и влажен бран ќе има во петок кога ќе има пообилни врнежи, особено во јужните делови. Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.