Македонија
2. јуни 2016 - 8:20

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во северозападните делови со услови за локален краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне  со услови за локален краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.