Македонија
8. May 2016 - 9:05

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи третежно во североисточните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен 
правец. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10, а максималнатаод 18 до 24 степени. УВ=7
 
Во Скопје исто така малку до умерено облачно со услови за појава на нестабилност претежно во попладневните часови. Температура од 8 до 22 °С. 
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
Уште утре ќе има услови за краткотрајна нестабилност претежно на северозападот и во попладневните часови. Во почетокот на наредната недела времето ќе биде постабилно и се потопло. Од четврток повторно ќе биде нестабилно и со засилен јужен ветер.