Македонија
21. January 2022 - 8:28

Времето денес ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.

Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), заради ниските температури, ќе има и појава на голомразица.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 1 степен.

За време на викендот и на почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.