Македонија
26. December 2016 - 8:23

Временска за новата работна недела

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до три, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има зголемена облачност и услови за појава на слаб дожд, а на планините проверување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен северен ветер, особено во среда и четврток.