Македонија
25. October 2015 - 12:51

Временска прогноза за идната недела: Какво време не очекува?

Денеска по одделни котлини и планински превои има мала веројатност за појава на утринска магла и ниска облачност. Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 19 Целзиусови степени, на југот ќе достигне и до 20 степени, во Маврово 10, Охрид 16, на истокот 19.

Утре ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Дневните температури ќе бидат од 14 до 19 степени.

И во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со температури од 15 до 21 степен. И среда и четврток ќе имаме сончево време со умерена облачност и температури од 14 до 20 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.