Македонија
14. јуни 2018 - 15:03

Времено затворен сообраќајот на магистралниот пат село Истибање - брана Калиманци

Делницата од магистралниот пат А-3 од село Истобање до браната Калиманци денеска од 16:00 до 18:00 часот времено ќе биде затворена за сообраќај во двата правца, информира Автоомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот ќе биде пренасочен преку Р1304 Виница – Берово и Р2345 Виница – село Бигла.