Македонија
22. November 2015 - 9:39

Времен сообраќаен режим во Аеродром

Од 14 до 20 часот денеска ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, поради меѓународниот ракометен натпревар меѓу РК Вардар и Барселона, што ќе се одржи во 17 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

За сообраќај ќе биде затворен булеварот „АСНОМ“ на потегот со крстосницата со булеварот „Србија“, како и улицата „Васко Каранѓелевски“ од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ кон СЦ „Јане Сандански“.

Од сообраќајната полиција апелираат граѓаните кои ќе дојдат на ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите што ќе им бидат давани од страна на сообраќајни полициски службеници, а доколку дојдат со возило да го паркираат на околните дозволени паркинг простори.