Свет
29. July 2019 - 14:02

Враќањето на Навални во затвор лошо ќе влијае врз неговото здравје

Лекарката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Анастасија Васиљева денеска изјави дека е против тој од болница да се врати во затвор, бидејќи смета дека можеби е отруен со непозната хемиска супстанца.

Навални (43) вчера од затвор е хоспитализиран со знаци на акутна алергија односно со симптоми на чешање на лицето и црвенило на кожата, истакна д-р Васиљева.

Таа истакна дека неговата состојба можеби е резултат на труење со непозната хемиска супстанца.

Д-р Васиљева откако го посети Навални во болница, изјави дека тој до крајот на денот ќе биде вратен во затвор, но оти тоа ќе предизвика влошување на неговото здравје.