Македонија
27. January 2023 - 16:33

Вработените во МКЦ со низа обвинувања кон Град Скопје

Невозможно е незаконски да се трошат пари оти секоја исплата оди преку Град Скопје – вработените во МКЦ контра обвинувањата од Арсовска. Велат дека ревизијата е се уште во тек и досегашните информации се паушални. Имаат забелешки за тоа кој ги врши проверките, затоа што, според нив, лицето кое испитува не е ревизор, туку вработен во Град Скопје.

„Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни вршат мобинг и притисок на нашето работно место“ – Кристина Горовска, програмски колегиум на МКЦ

„Кој е Ѓорѓи Грковски којшто се појавува тука, оти сфативме дека тој не е ревизор, туку е раководител на сектор за општи и заеднички работи од Град Скопје? Кој е тој човек и дали воопшто има право да поставува прашања?“ – Филип Николовски, координатор на програмски совет во МКЦ.

Се пожалија дека нивниот буџет од 14 милиони денари лани е намален на 2 милиони годинава. Тврдат века им фалат вработени, а градот не го одобрува тоа. За обвинувањата дека шанкери биле платени по 750 евра велат дека се чесно заработени.

„МКЦ континуирано бара од Град Скопје нови вработувања, па макар тоа било времено или преку Агенцијата за привремени вработувања, но за кои повторно по закон, треба согласност од Град Скопје. Таа согласност не ја добиваме.“ – Кирил Мечалов, програмски колегиум на МКЦ.

„Кога кажува дека има 750 евра за шанкер, зашто не каже дека има и илјада денари договор шанкер? Тоа затоа што можеби тоа лице работело еднаш само на фестивал“ – Русе Арсов, продуцент

„Понекогаш работат и по 12 саати и на фестивали на коишто опслужуваат по илјада, две илајди луѓе“ – Филип Николовски, координатор на програмски совет во МКЦ.

Екс директорот на МКЦ не се појави, иако вчера Арсовска му даде рок од 48 часа да се извини за, според неа, лагите дека му бил правен притисок. Во спротивно рече дека ќе го тужи. Скопската градоначалничка обвини дека биле потпишани 250 незаконски вработувања што благајната на МКЦ ја оштетиле за 100 илјади евра, а за кратењето на буџетот рече дека е незначително.