Бизнис
26. February 2021 - 21:47

Вработените од „ГЕС“ земаат плата од државата ама лиценцата за работа сè уште ја има БЕГ

Градски енергетски системи, претпријатието на Град Скопје повеќе од две години работи и се делат плати, иако градот сеуште нема добиено дозвола да управува со топловодната мрежа од БЕГ. Градоначалникот Шилегов не се откажува од планот. Вели  дека во фирмата вработените додека ја чекаат дозволата, работат на анализи и подготовки за ширење на мрежата. За да може градот да ја превземе Градот уште во 2018 година го основаше претпријатието со почетен капитал од 250 илјади евра, пари обезбедени од Градскиот буџет.

Компанијата „Дистрибуција со топлина – Балкан енерџи“ поседува важечка лиценца за дистрибуција на топлина на територија на градот Скопје издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со важност до 2047 година. Компанијата врши дистрибуција на топлина преку системот за дистрибуција, на подрачјето на Град Скопје, односно на делови од подрачјата на општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и делови од Гази Баба и Чаир. Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи има склучено Договор за користење на дистрибутивната топловодна мрежа со АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје, согласно важечките законски прописи, истиот е во сила и целосно се применува од договорните страни. Согласно лиценцата и останатите законски прописи БЕГ Дистрибуција веќе деветта година успешно управува со дистрибутивната мрежа и ја врши дејноста дистрибуција на топлинска енергија. Во таа насока, согласно лиценцата, компанијата Дистрибуција на Топлина Балкан Енерџи, во рамките на групацијата БЕГ ќе продолжи да ја врши дејноста дистрибуција на топлинска енергија до крајните потрошувачи на територија на градот Скопје. Оваа обврска произлегува од важечките лиценци, каде обврските и правата на носителот на истите се јасно пропишани, се вели во дописот на компанијата.

Град Скопје во 2019 година поднесе барење до регулаторна за добивање на лиценца за да може да управува со мрежата, но сеуште нема добиено. Сега се чека одлука од Управниот суд кој треба да одлучи за постапка што се води пред регулаторна за издавање на лиценцата.

Претходно и дел од експертите посочија дека ако Градот ја земе мрежата може да дојде до поскапување на парното.