Македонија
17. September 2021 - 11:38

Вработен во УЈП спие на работа | ВИДЕО

Службеник на Управата за јавни приходи спие на работното место. 

Снимката од овој „интересен“ настан осамна на фејсбук страницата Pa coment, а беше објавена од порталот Pa censure, а пренесе Слободен печат.

Ова видео до порталот го испратил читател, а на него јасно се гледа како службеникот задремал седејќи на работната маса. и како комотно си спие токму во просториите на УЈП.

Според објавата на порталот, службеникот спиел повеќе од дваесет минути, додека пред неговата канцеларија во архивата во генералната дирекција на УЈП, странки чекале да бидат услужени.