Вработен позитивен на Ковид-19 ја затвори Општина Струга
Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.
После консултации остварени со наделжните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрациајта да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.
-Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата, се наведува во соопштението од Општина Струга.
Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инифцирани. Инаку, лицето позитивно на Ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците