Тенис
24. December 2019 - 10:18

Вознијацки на турнир во Окленд ќе игра во тандем со Серена Вилијамс

Поранешната прва светска тенисерка, Каролина Вознијацки на турнир во Окленд, Нов Зеланд ќе игра во тандем со уште еден поранешен прв светски рекет, Американката, Серена Вилијамс. Во двојки, ова ќе биде прв заеднички настап за двете тенисерки.

Серена летото и беше деверица на Вознијацки која стапи во брак со поранешниот НБА -кошаркар Дејвид Ли.

Турнирот во Окленд ќе се одржи од 6 до 12 јануари 2020 година и ќе биде ќе биде последен во кариерата за 29-годишната Вознијацки.

Данската тенисерка од 2015 година наваму учествува на секој турнир во Окленд, а во минатите изданија два пати стигна до финалето.