Живот
18. August 2015 - 13:02

Вознемирувачко - Тореадор избоден до смрт

Дваесет и девет годишниот Мигел Руиз Перез, кој погина вчера вечер во Шпанија, е четвртиот маж кој настрада од бик во изминативе три дена. Локалните власти и покрај тоа не го запираат шоуто во коридите.
 
Мигел се лизнал бегајќи од опасното животно по што е прободен во стомак и не успеал да ја прескокне оградата и да се спаси. Брзата помош го одвела во тешка состојба но тој набрзо починал.
 
Во вознемирувачката снимка се гледа целата несреќна случка, како и моментот кога колегите го носат до амбулантното возило.