Бизарно но вистинито
26. January 2018 - 14:12

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Сакаше да направи совршено селфи, па го удри возот!

Потресно и вознемирувачко видео на кое воз удира младо момче, кое сето тоа го снима за да направи совршено селфи, има илјадници прегледи.

На снимката се слуша непрекинато сирената на возот како и предупредување од човек кој стои во близина, но упорното момче не се откажа.

Станува збор за млад спортски тренер кој го следел опасниот тренд „сликање на совршено селфи“ кое однесе повеќе животи.

За негова неверојатна среќа, иако со тешки повреди, момчето го преживеа ударот од возот.

Лудилото кое се рашири по социјалните мрежи ги зафати луѓето во Индија и ги поттикнува учесниците да се сликаат додека им се наближува возот.

Само во октомври 2017 година, тројца тинејџери ги прегази воз додека се обидуваа да направат вакво селфи во индиската држава Карнатка, додека двајца тинејџери загинаа под исти околности на шините во Делхи.

Експертите веќе некое време предупредуваат на опасноста на трендот кој го следат млади луѓе опседнати со социјалните мрежи.

Исто така истакнуваат дека повеќето селфи – смрт ситуации во светот всушност се случуваат во Индија. Од 127 случаи кои истражувачите ги евидентираа во светот, во периодот од март 2014 до 2016 година, дури 76 се случиле во Индија.

Поради овој ужасен тренд железничките претпријатија во Индија покренаа и кампања зошто законот кој предвидува казни за секој кој ќе се обиде да направи селфи на шини или платформа, очигледно не е доволен.