Балкан
27. April 2018 - 9:23

Вознемирувачко: Полициска акција во Бихаќ - Поранешниот командант на босанската армија уапсен за злосторства над Србите

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) утрово во Бихаќ го уапсија поранешниот командант на Армијата на Босна и Херцеговина Атиф Дудаковиќ под сомнение дека извршил воени злосторства над цивили и заробеници од српска националност.

Покрај Дудаковиќ, уапсени се уште неколку лица кои се доведуваат во врска со воените злосторства над цивили и заробеници од српска националност, пренесува порталот Кликс,ба.

Како што пренесува РТРС се заботи за предметот за воени злосторства и акцијата „Сана 95“.

Пензиониранираниот генерал на тн. Армија на БиХ е осомничен за воени злосторства на територијата на западна Краина, на подрачјето на Петровац, Кључ, Сански Мост и Крупа на Уна.

Според податоците на институциите во Република Српска, кои се занимаваат со барање на исчезнатите, во акциите на Петтиот корупс на Армијата на БиХ, во текот на 1995 година, во општините Петровац, Бихаќ, Босанска Крупа, Сански Мост и Кључ се убиени 870 српски цивили и 400 војница, а запалени се над 30 села.

На тоа подрачје се пронајдени 21 масовна гробница на Срби кои се убиени од припадниците на Петтиот корупус на Армијата на БиХ во текот на воената акцја „Маестрал“, наведува агенцијата Бета.

Апсењето утрово го изведоа припадниците на СИПА.

Со Дудаковиќ е уапсен и Ибрахим Надаревиќ, инаку некгоаш федерален министер за прашањето на борците и инвалидите. Надаревиќ е уапсен во својот стан во Сараево.

Обвинението за воени злосторства со години беше дел од шпекулациите во врска со поранешниот командант на Армијата на БиХ.

Дудаковиќ во повеќе наврати, осврнувајќи се на наводите за подготвка на обвинението, на новинарите во интервјуати им велеше дека не е воен злосторник и дека чесно ја бранел својата земја и народ.

Повеќе детали за оваа акција ќе има во текот на денот. Обвинтелството со години против Дудаковиќ водеше истрага.

Atif Dudaković

Пријавата против Дудаковиќ е поднесена уште во 2006 година кога во јавност излегоа видеоснимки како наредува и убива српски цивили.

Тогаш пријавата против Дудаковиќ во надлежното обвинителство заедно ја поднесоа тогашниот претседател на Република Српска Драган Чавиќ и премиерот Милорад Додик.