Живот
2. May 2018 - 9:59

Вознемирувачко: Погледнал кон зградата и се заледил, кога ќе видите што прави ова дете на прозорецот од 7. кат ќе ви се слоши

На интернет е објавена вознемирувачка снимка на која се гледа како дете излегло низ прозорец и стои на прозорската даска на 7. кат од една зграда во Бразил.

Детето балансирало на окапникот и во еден момент ја турнало ролетната. Изгледало како детето да си игра жмурки несвесен за опасноста во која се наоѓа.

Во еден момент дури ја кренал и ногата и стоел само на една нога.

Локалните медиуми јавија дека сопственикот на зградата дошол до станот на седмиот кат кога видел како детето стои на работ на смртта.

На крајот детето сепак успеало да се врати во станот неповредено. Не е јасно дали родителите на детето биле во станот додека се одигрувала оваа драма.