Ф1
9. April 2018 - 14:10

Вознемирувачко: Цела нога му е во гипс - ова е механичарот кого го прегази Кими Раиконен

Победата на Себастијан Фетел во Бахреин остана во сенка на инцидентот кога Кими Раиконен тешко повреди еден од механичарите, Франческо Цигарини.

Раиконен во 36 круг отиде да ги замени гумите.

Кога Финецот го виде зеленото светло, тргна да се врати на патеката, меѓутоа еден механичар и натаму се обидуваше да ја прицврсти гумата, па болидот му помина преку нога.

Цигарини е веднаш префрлен во болница, каде му си санирани повредите.

Во првата можност, повредениот механичар се јави од болничката постела и испрати порака на сите кои се грижеле за неговото здравје.

-Операцијата помина ОК. Ви благодарам на луѓето кои се грижеа за мене. Ништо повеќе, само големо благодарам, напиша Цигарини на Инстаграм.