Живот
19. August 2019 - 20:52

Возеле по патот и одеднаш ноќта се претворила во ден: Огнена топка го проби небото над Медитеранот

Жителите на Сардинија ги зачудила голема огнена топка која се појавила на небото.

Необичната глетка ја фатила камерата на еден возач кој поминувал кај Торе Гранде.

Во прашање е метеорит кој при минувањето низ атмосферата го „запалил“ небото, а феноменот можел да се види од неколку крајбрежни места долж Медитеранот.

Опсерваторијата на Ибива поради оваа глетка примила дури 55 повици.

Метеорит е парче карпа, комета или планетоид кој од вселената паднал на површината на Земјата.