Македонија
3. January 2016 - 10:37

Воздухот загаден во Тетово, Кичево и Скопје

Воздухот е загаден во Тетово, Кичево и Скопје. Високи концентрации на ПМ10 честичките има и во Велес.

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоки се концентрациите на ПМ10 честичките во Тетово 163 микрограми на метар кубен, во Кичево 161, Центар 157, Гази Баба 146, Карпош 139, Лисиче 122 и кај Ректорат 107.

Во Велес се измерени 80 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.