Македонија
9. јуни 2023 - 20:04

Воздухопловниот винг прослави 31 година од основањето

Одбележан 31-от роденден на воздухопловниот винг. Свеченоста започна со една минута молк за борците, загинатите и починатите припадници на Армијата. 

Командантот Стоименовски рече дека вингот се развива во модерна едницина според НАТО стандардите. Во план е набавка на нови повеќенаменски хеликоптери и ремонт на постојните. Се вложува и во персонал во школата за обука која е дел од мрежата на НАТО од 30 центри за летачка обука во Европа.

„Преземаме активности за обезбедување и пополнување со персонал кој претставува највреден ресурс, во кој најмногу вреди да се инвестира. Персонал кој има силно изразено чувство на припадност на единицата и патриотизам и кој ќе биде подгтотвен да одговори на сите предизвици, а со цел одржување на висока борбена готовност, како предуслов за успешно извршување на мисијата на единицата“, изјави Игорчо Стоименовски, командат.

Освен во операции на Армијата, хеликоптерите помагаат и при природни катастрофи, спасување, евакуација и гаснење пожари.

„Припадниците на воздухопловниот винг секогаш се препознаени како врвни професионалци, максимално обучени и подготвени. Не само за извршување на борбени задачи, туку и за брза реакција на гаснење на пожар и други хуманитарни мисии во сложени временски услови“, изјави Мирче Ѓорговски, бригаден генерал.

Присутните имаа можност да проследат и прелет на дел од воздухопловите со кои располага вингот. За безбедноста на македонското небо придонес имаат и прелетите на сојузничките авиони од Грција, во рамки на воздушото патролирање на НАТО.

Денот на воздухопловниот винг е одреден во во сеќавање на првиот лет со воен воздухоплов на македонската армија во 1992 година.