Македонија
31. October 2019 - 22:45

Возач со „сеат“ прегази двајца на тротоар во Подареш и побегнал, полицијата трага по него

Вчера во Полициска станица Радовиш било пријавено дека во 18.45 часот во с.Подареш, радовишко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „сеат“, управувано од засега непознато лице, движејќи се по улица во селото, преминало да се движи на тротоарот и удрило во мотоцикл „хонда“, со радовишки регистарски ознаки, кој бил застанат на тротоарот и во моментот на него било лицето В.А (65) и во пешак С.М. (58), двајцата од с.Подареш, по што возачот на возилото го напуштил местото на незгодата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.А. и С.М., кои се пренесени во Клинички центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.