Македонија
21. December 2015 - 13:28

Возач прободен со нож од мигрант на патот Градско-Велес

Деветнаесетгодишен кавадарчанец со нож бил прободен во левата нога, а 17-годишен малолетник од Демир Капија бил удрен во пределот на лицето, синоќа околу 18 часот на регионалниот пат Градско-Велес, откако се обиделе да измамат пет мигранти кои ги превезувале, велејќи им дека кај фабриката „ХИФ” е границата. За ова денеска информираше Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

- Деветнаесетгодишен жител на Кавадарци и 17-годишен малолетник од Демир Капија со патнички автомобил марка „мерцедес“ со кавадаречки регистерски ознаки, превезувале пет мигранти, четири од Мароко и еден од Алжир , соопшти  Стојковска.

Кога пристигнале на исклучувањето кон фабриката „ХИВ“,   било побарано од мигрантите да го напуштат возилото затоа што наводно стигнале на граница. Притоа  дошло до меѓусебна тепачка.  Возачот со нож бил прободен во левата нога, а малолетникот бил удрен во пределот на лицето.

 - Повредените со возило на Итната медицинска помош се префрлени во Медицински центар Велес, а мигрантите се пронајдени и доведени во велешкиот Сектор за внатрешни работи Велес. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, нагласи Стојковска.