Македонија
15. јуни 2020 - 11:09

Возач излетал од коловозот и се здобил со тешки телесни повреди

На 14.06.2020 во 13.55 часот било пријавено дека во Битола, на регионалниот пат Новаци-Добрушево, кај с.Горно Агларци, патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(54) од с.Новаци, излетало од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.