Свет
9. January 2016 - 8:15

Вооружени мажи нападнаа хотел во Хургада, двајца туристи ранети

Најмалку двајца странски туристи се ранети откако вооружени мажи отвориле оган пред влез во хотел во египетското летовалиште Хургада.

Напаѓачите пристигнале преку морски пат за да извршат напад. Дел од египетските медиуми јавија дека тројца од напаѓачите кои носеле црни знамиња и викале Алах акбар,  биле убиени од обезбедувањето на хотелот. зш/20:44