Македонија
8. July 2019 - 16:03

Вооружени крадци ограбија банка во Скопје среде бел ден - украдени речиси 100 илјади евра

Со закани по животот ограбена е тутунска банка во Сарај. 4 лица облечени во црно, со фантомки на глава, високи околу 180цм и слабо развиени среде бел ден влегле во експозитурата. Побарале од вработените да го отворат сефот вперувајќи автоматски пушки кон нив. Филмскиот грабеж се случувал во полна ескпозитура .Стенд ап – Разбојниците влегле преку главниот влез на приватниот трговски центар. Во моментот на грабежот во експозитурата имало и клиенти.

Во грабежот нема повредени а разбојниците откако ги земале парите  избегале со џип Хјундаи Санта Фе со странски таблички и избегале во правец кон селото Сарај.

Според првичните информации украдени се околу 90 000 евра.

Од МВР велат нема информации за кои лица станува збор. Велат грабежот е пријавен во 10 часот и 40 минути. Полицијата за затвори банката за да изврши увид и земаше изјави од сите присутни во експозитурата и други вработени во трговскиот. Тутунска не е достапна за услуги на клиентите, вратата е заклучена и пред неа стои приватно обезбедување.

Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

Од спротива на  банката има  голем супер маркет каде во моментот пазарале граѓани.

Објектот е обезбеден со видео камери кои треба да помогнат во истрагата. Полицијата врши претрес на неколку локации и запира возила во потрага по разбојниците. Ова не е прв грабеж во тутунска банка, пред три месеци во Чаир на сличен начин беа украдени 150 000 евра. Најголема штета беше направена по грабежот на трезорот на Тутунска во 2017 кога вработен украде 2 милиони швајцарски франци и 270 000 евра.