Македонија
12. January 2016 - 14:37

Вооружен разбојник ограби канцеларија во Адвокатската улица

Скопјанецот Б.А. вчера во 15:40 часот пријавил во полиција дека непознато машко лице, маскирано и вооружено со пиштол, влегло во адвокатска канцеларија на ул. „1737“(Адвокатска улица) и со закана им одзел новчаник и мобилни телефони на пријавителот и неговата сопруга, по што заминал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.