Македонија
9. October 2017 - 12:37

Вооружен напад во позната скопска обложувалница

Вчера во 21.20 во Единица за информации и команда Скопје, К.С. пријавила дека во обложувалница на улица „Васил Ѓоргов“ три непознати лица извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите со закана со огнено оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале  во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.