Свет
22. August 2016 - 18:38

Вооружен напад во болница во Словенија има мртви

Две лица денеска се убиени, а две тешко повредени при напад во општа болница во Изола во Словенија, соопшти полицијата Копра. 

Според досегашните информации за инцидентот кој се случи околу 15 часот, убиени се еден полицаец и напаѓачот, додека друг полицаец е во критична состојба.

Деталите од инцидентот засега не се познати, но словенечките медиуми наведуваат дека напаѓачот пукал во двајца полицајци и еден лекар и дека потоа го убила полицијата.

„Јутарњи лист“ наведува дека сведок соопштил оти се слушнале истрели на пет куршуми.

Според првичните информации, напаѓачот прво пукал во чекалницата на очното одделение а болницата, а наводно прво бил застрелан лекарот-уролог. Во чекалницата настанала паника, а напаѓачот се обидел да побегне. Сведок на настанот тврди дека полицијата го застрелала напаѓачот кога влегол во своето возило во обид да побегне.