Свет
22. July 2016 - 21:49

Вонредно повикан на работа медицинскиот персонал во болниците во Минхен

Медицинскиот персонал во болниците во Минхен е повикан вонредно на работа по наредба на локалните власти заради можноста да бидат прифатени голем број повредени од нападот во трговскиот центар Олимпија, јави ДПА.

Причината за наапдот се уште не е позната иако претходно полицијата соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад.

Минхенската полиција соопшти дека градот се наоѓа во „жестока состојба на терор“. Тие побараа од луѓето да се воздржат од поставување снимки од нападот во трговскиот центар.