-->
-->
Вонредна вест: Жителите на Ново Село затворени во домовите поради престрелка меѓу две криминални групи
-->
Струмичко Ново Село вчера се претвори буквално во „Дивиот Исток“, имало страшна престрелка меѓу две групи. пренесува Инфомакс
Тревогата била вклучена и кај бугарската полиција, којашто ја зголемила борбената готовност на својата погранична единица. Паника од криминалната пресметка има и од двете страни на границата. Локалното население информира дека најверојатно станува збор за криминални групи кои се занимаваат со прекуграничен шверц на цигари.
Како што велат мештаните, престрелката се случувала во близина на поседот, или како што го нарекуваат „ранчот“, на градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ, кој исто така е забележан како се движи во областа следен од две возила и нему блиски лица, а во насока на местото каде што се одвивала престрелката се упатиле бројни полициски сили и амбулантни возила, како и лично началникот на полицијата.
Граѓаните се преплашени и очекуваат информации од полицијата за престрелката. Како што изјавуваат, сите се затворени во своите домови и стравуваат за својата безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море