Свет
10. July 2019 - 17:40

Вонреден состанок на МААЕ за иранската нуклеарна програма

Амбасадорите денеска во Виена присуствуваат на вонреден состанок на одборот на директори на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Состанокот е на тема – иранската нуклеарна програма.

Се очекува на состанокот да се обратат американскиот и иранскиот амбасадор во МААЕ.

Состанокот е на барање на САД откако Иран објави минатата недела дека го надмина дозволеното ниво на резерви на збогатен ураниум над 3,67, а потоа соопшти дека е надминат лимитот на чистота на ураниумот од 4,5 отсто.

МААЕ ги потврди двете пречекорувања на дозволеното ниво предвидено со мултилатералниот договор од 2015 година.