Балкан
5. May 2016 - 12:27

Вонреден состанок на централното раководство на турската владејачка Партија на правдата и развојот

Централното раководство на турската владејачка Партија на правдата и развојот денеска почна состанок во Анкара, јави Анадолија.

Премиерот Ахмет Давутоглу се очекува да одржи прес конференција по разговорите.

Турски медиуми јавија дека Давутоглу ќе поднесе оставка на функцијата лидер на партијата со што отвора можност за избор на нов премиер на државата.

Неговата политичка иднина како партиски лидер и премиер, стана неизвесна откако медиумите во земјата, обелоденија за длабоките несогласувања што постојат меѓу Давутоглу и претседателот Реџеп Таип Ердоган, околу идниот политички систем во дражавата.

Давутоглу се спротивставува на намерата на Ердоган за воведување претседателски систем во Турција, со кој политичката власт би се префрлила од премиерот врз шефот на државата.

Според пишувањето на медиумите, Давутоглу вчера се сретнал со претседателот  и го известил дека не сака одново да се кандидира за лидер на партијата.