Свет
17. November 2019 - 20:30

Војна на улиците на Багдад: Демонстрантите го зазедоа мостот што води кон владата

Антивладините демонстранти во Ирак денеска ја зазедоа контролата врз третиот стратешки мост во Багдад, додека блокираа патишта во делови од централен и јужен Ирак по повикот за генерален штрајк.

Демонстрантите ја презедоа контролата над половина од мостот Ахар преку реката Тигар, во близина на воспоставената „Зелена зона“, дом на ирачката влада. Безбедносните сили се распоредија од другата страна на мостот и подигнаа бетонски бариери за да ги спречат демонстрантите да влезат во областа.

Најмалку 320 луѓе се убиени, а илјадници повредени од почетокот на немирите во главниот град на Ирак и повеќето јужни провинции на 1 октомври.