„Војна на ѕвездите“ му донесе рекорден профит на „Дизни“
Компанијата „Волт Дизни“ во четвртиот лански квартал оствари рекорден профит од 2,9 милијарди доалри, што е за 30 отсто повеќе во оснос на истиот период во 2014 година.
Според бизнис извештајот на компанијата, растот на заработката на „Дизни“ првснствено се должи на рекордните приходи од филмот „Војна на ѕвездите: Сила се буди“, кои достигнаа над две милијарди долари.
Продажбата на играчки и други производи поврзани со овој филм предизвика раст на профитот во одделот за потрошувачки производи на „Дизни“ за 23 отсто.
- Благодарејќи на феноменалниот успех на „Војна на ѕвездите“, остваривме рекордна квартална заработка и евидентиравме двоцифрен раст на приходите, 10-ти квартал по ред, изјави претседателот и извршен директор на „Волт Дизни“, Роберт Игер.
Од друга страна, заработувачата на „Дизни’ од тематските паркови порасна во последниот лански квартал за 22 отсто на годишно ниво, благодарејќи на зголемената посетеноста на парковите во САД, додека во „Дизниленд“ во Париз, бројот на посетители опадна за осум отсто, по терористичките напади во главниот финансиски град лани во ноември.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација