Кошарка
27. December 2015 - 18:30

Војдан донесе победа за Андора

Уште една одлична партија на македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски кој заедно со својот тим Андора однесе тешка победа против Гран Канарија од 84-77 во продолжение.

Во регуларниот дел средбата заврши со резултат 74-74 за да потоа Андора слави во дополнителните минути со 10-3.
Стојановски постигна 15 поени за 7. победа на неговиот тим во 13 кола во Шпанија.