Loading Video...
Свет
1. February 2021 - 16:33

Воен удар во Мјанмар, војската ја презеде контролата

Моќна војска на Мјанмар ја презеде власта по апсењето на шефицата на цивилната влада Аунг Сан Су Чи, претседателот Мајнт и други високи функционери од партијата на власт Нациолна лига за демократија. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба, а власта му ја предаде на генералот Мин Аунг Хлаинг. Причината за интервенцијата се тврдењата на Армијата дека партијата на Су Чи победила со изборни измами на ноевмврските избори. Воениот удар се случи на денот кога Парламентот требаше да почне со работа, првпат по изборите. Армијата објави дека ќе организира ново гласање. Воената интервениција наиде на осуди ширум светот. Светските лидери побаара ослободување на уапсените. Ова е сериозен удар врз демократските реформи што се спроведуваат во Мјанмар. Мора да се почитува резултатот од изборите се вели во нивните реакции.

Во Кина се приведени 80 луѓе под сомнение дека произведувале и продавале лажна вакцина против корона. Запленети се 3000 лажни дози. Шишенцата биле наполнети со физиолошки раствор е наведено во полисциксиот извештај.

Во Русија од денеска е на сила закон кој на операторите на социјалните мрежи им наложува да откриваат и блокираат разни содржини. Интернет содржини што се однесуваат на тероризам, државни тајни, Упатства за производство на дрога, детска порнографија, потикнувања на самоубиства треба да бидат блокирани. Законот предивидува и блок за повици за протести за кои нема дозовла од властите.