-->
-->
Водата во Скопје е безбедна за пиење
-->

ЈП Водовод и канализација соопштија дека согласно неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, Скопје има безбедна вода за пиење.
Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, во периодот од 14 до 18 месецов анализира 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.
Како што известуваат, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
-

Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт
-

Протести во Бугарија поради предлог буџетот за 2026, судири со полицијата во Софија
-

Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите задолжени за енергетска стабилност на Србија
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Облачно со утринска магла, приквечер локални врнежи од дожд
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
