Балкан
2. November 2019 - 11:19

Водачот на навивачката група на Партизан изрешетан во Белград

Љубомир Киќа Марковиќ (37) е убиен синоќа на Воздовац. Белградските медиуи објавија фотографии од безживотното тело на Марковиќ како лежи на бензинска пумпа додека полициските екипи вршеле увид.

 
Полицијата интензивно трага по убиецот, а се споменуваа и две лица, извршители на бруталната ликвидација на Марковиќ.

Во пресметката се испукани 8 куршуми, а Марковиќ се обидел да му побегне на убиецот трчајќи од блискиот „балон“ каде што играл фудбал кон пумпата.

Меѓутоа паднал погоден, по што убиецот му испукал куршум во главата.

Убиениот Марковиќ бил водач на навивачката група на Партизан познати „Алкатраз“, и како еден од организаторите на линчот на Брис Татон, францускиот навивач кое настрада 2009 година во Белград за што и беше правосилно осуден.

Марковиќ во 2011 година е осуден на 30 години затвор, но потоа казната му е намалена, а по престојот во затворот во Сремска Митровица, Марковиќ излегол на слобода во 2017 година. Важи и за важна фигура во белградското подземје.