Водач на американска секта уапсен за убиства и педофилија во Мексико
Стотина мексикански полицајци синоќа спроведоа рација во ранчот на Американецот Вилијам Орсон Блек, водач на верски култ, кој живеел со четири жени и уште 26 лица, меѓу кои и деца.
Блек бил баран за тројно убиство, како и под сомнеж за педофилија, имајќи предвид дека меѓу неговите следбеници имало и малолетници.
Рацијата била извршена во мексиканската држава Чивава, на границата со САД, откако тројца американски државјани на возраст од 15, 19 и 23 години биле најдени мртви во околината на ранчот. Воедно, полицијата од соседната американска држава Аризона покрена истрага против Блек за педофилија.
Се претпоставува дека Блек развил бизарен верски култ кој вклучувал убивање на егзотични животни. На ранчот било пронајдено смрзнато месо од зебри, бафала, па дури и лав
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ