Во Зрновци почна да се гради детска градинка
Во општина Зрновци почна да се гради планираната детска градинка којашто ќе биде лоцирана на влезот во населбата покрај патот кон Кочани.
Изградбата е од особена важност за жителите од оваа рурална општина бидејќи ваков објект нема во општината, а најодалечената детска градинка е десетина километри во Кочани. Градинката ќе ја користат жителите на трите населени места Зрновци, Мородвис и Видовиште.
- На новата детска градинка инвеститор е општината Зрновци. Таа ќе се протега на површина од 400 метри квадратни, ќе обезбеди сместување на 80 деца и ќе располага со три занимални, јасли и останатите потребни простории. Изведувач на работите е компанијата „Актива“ ДОО од Штип и таа се очекува да биде готова до мај 2017 година, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Финансиските средства во вредност од 230 илјади евра за изградба на градинката, општината ги обезбеди од ИПА програмата на ЕУ преку МСИП канцеларијата на Министерството за финансии.
Според Станков, Министерството за труд и социјална политика се обврза целосно да ја опреми градинката со потребните реквизити и опрема за нормален престој на децата.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина