Свет
27. December 2016 - 9:08

Во зоните на конфликти се борат над две илјади саудиски џихадисти

Над две илјади саудиски џихдисти дејствуваат во зоните на конфликти, претежно во Сирија, каде групацијата Исламска држава и натаму е активна, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи. 

- Бројот на Саудијците, за кои е докажано дека се наоѓаат во зоните на конфликти, изнесува 2.093 лица, изјави портпатолот на Министерството, генерал Мансур ал Турки за весникот „Ал Хајат“.

- Над 70 отсто од Саудијците, кои се приклучиле кон терористички групи се во Сирија. Таму нивната бројка е 1.540 лица, додаде тој. 

Други 147 Саудијци се наоѓаат во Јемен, 31 во Авганистан и Пакистан и петмина во Ирак.

Освен тоа 73 Саудијци се задржани во странство во врска со терористички активности.